По две и пол години минати во Тетово, некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Давор Талески си заминува од Шкендија. Неговиот актуелен договор е раскинат и тој на пролет ќе има нов клуб.
Шкендија предмалку го потврди заминувањето на Талески, иако во јавноста одамна се шпекулираше такво нешто. Голманот во последно време не беше прва опција на струката во Шкендија, па е и нормално што си заминува од таму.
Талески како и Дамјан Шишковски се шпекулира дека се опција да бидат засилувања на Вардар, а ќе видиме во следните на следните колку од ова ќе се обвистини.
Во исто време клубот потврдува дека повеќе нивен член не е ниту Дауда Бамба, кој пристигна летоска. Тој со оглед н повредите кои ги имаше речиси и да не заигра за клубот.