Утре почнува релито Дакар: Над 800 натпреварувачи низ беспаќата на С. Арабија

224

Од 4 до 17 јануари, Саудиска Арабија ќе биде домаќин на најатрактивата рели трка во светот, релито Дакар за 2025 година.

Оваа година на трката ќе учествуваат повеќе од 800 учесници. Актуелниот SUV шампион, 62-годишниот Карлос Саинц постариот, ќе се бори за петтата титула со петтиот производител, овој пат Форд. Легендите на релито Себастиен Леб и Насер Ал-Атијах ќе возат Дачија, додека шампионите кај мотоциклистите Тоби Прајс и Сем Сандерленд заедно ќе го возат Дакар во off-road класата со модел на Тојота.

Прологот ќе се одржи утре, на 3 јануари 2025 година, а главната трка ќе започне на 4 јануари. Пилотите ќе минат 12 етапи (вклучувајќи една дводневна, таканаречена „48-часовна“) и речиси 8.000 километри (специјални етапи – повеќе од 5.000 километри).

ПретходноЛејкерс со последен обид да го добијат Валанчиунас
СледноДинамо (З) го претстави Канаваро: Не се плашам од предизвикот