ФИБА одлучи: Јокиќ е најдобар кошаркар од Европа за 2024 година

100
Фото: ФИБА

Никола Јокиќ е прогласен за играч на годината според ФИБА. Како што соопштија од Светската кошаркарска федерација, прогласен е добитникот на наградата „Европски играч на годината, а почестите му припаднаа на српскиот НБА супер-стар, Никола Јокиќ.

Никола Јокиќ во изборот на ФИБА добил 32% од гласовите. На второто место во гласањето се најде Гркот Јанис Адетокумбо со 18 отсто од гласовите, а Богдан Богдановиќ заврши трет со 15 отсто гласови.

Германецот Франц Вагнер доби 11%, а Словенецот Лука Дончиќ 9% од гласовите.

ПретходноДинамо (З) го претстави Канаваро: Не се плашам од предизвикот
СледноФранцускиот скијач пуштен од интензивна нега по операцијата на главата