ФК Вардар демантира дека има договор со Спахиу!

868

Едиз Спахиу уште не е нов играч на ФК Вардар. Предмалку дојде демант од страна на нашиот најтрофеен клуб, од неговата официјална страна, односно официјален сајт.

АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест на одредени портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници. Имено фудбалерот Едиз Спахиу сеуште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат. Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговиот договор даваат простор да си најден трансфер заклучно со 20 – јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб-страница, официјалното гласило на ФК Вардар“ се вели во демантот на FCVardar.com.

ПретходноЖељко Обрадовиќ како да откри кога и каде ќе ја заврши својата блескава тренерска кариера!
СледноНеверојатно: Новиот тренер на Милан своето деби ќе го има против својот син!