Францускиот скијач Сипријан Саразан е пуштен од интензивна нега, по операција на главата, поради тешката повреда која ја заработи за време на тренингот во пресрет на спуст-трката во Бормио.
Минатиот петок Саразан изгуби контрола и падна на тренингот во пресрет на спустот во Бормио. Истиот ден беше опериран поради крварење во мозокот во болница во близина на Бормио.
„Сега почнува долг период на опоравување, а потоа и рехабилитација, а во моментов не можеме да предвидиме колку долго тој ќе биде надвор од патеките. Тој е во стабилна состојба“, стои во соопштението на Скијачката федерација на Франција.
Саразан утре треба да биде префрлен во Франција, на неврохирургијата во болницата во Лион.