Шкендија го направи зимскиот собир

807

Далеку пред сите, тимот на Шкендија денеска го заврши зимскиот распуст и стартуваше со подготовките за летната полусезона.

Во домашни услови како што е тоа и нормално, Тетовци, предводени од капитенот Бесарт Ибраими, се појавија во клупската база и ги започнаа тренинзите далеку порано од сите останати прволигаши.

Како што е тоа вообичаено првичните подготовки ќе бидат во Македонија, а потоа ќе се замине во Анталија традиционално како и секоја година.

Клубот веќе објави денеска дека се раздели со Давор Талески и Бамба.

ПретходноТалески официјално си заминува од Шкендија
СледноВоска добива газди од Турција и се сели во Гостивар