Шпанските медиуми: Реал Мадрид остава на Модриќ да одлучи дали ќе потпише нов договор!

228

На Лука Модриќ по завршувањето на тековната сезона, му истекува и едногодишниот договор со Реал Мадрид кој тој го потпиша минатото лето. Хрватот во Мадрид е веќе 13 години, стана вистинска легендам, најтрофеен играч на Реал Мадрид во историјата, па така и покрај возраста, оваа година ќе полни 40, “кралевите“ се однесуваат со голем респект и пиетет.

Па така како што пренесуваат медиумите во Шпанија, пред се „АС“, на Хрватот му е кажано дека од него зависи дали тој ќе остане во Реал уште една година или пак ќе сака да си оди. Клубот од Мадрид ќе ја прифати било која одлука која ќе ја донесе Лука Модриќ.

Инаку јасна е желбата на Хрватот. Во 2026 година се игра СП, па тој сака да игра за Реал уште една година, до мај 2026 за да потоа со настап на Мундијалот ја заврши својата кариера.

ПретходноПоради бламажата на Барса, Олмо не може да игра ни за Шпанија?!
СледноРодри му одговори на Роналдо по неговата изјава дека Винисиус ја заслужил “Златната топка“!