Евролига: Три поени за Нено, гостинска победа за Олимпија Милано

136

Со три поени за десетина минути на паркетот, македонскиот кошаркарски репрезентативец ненад Димитријевиќ помогна во победата на Олимпија Милано на гостувањето кај АСВЕЛ во мечот од 19. коло на Евролигата.

Италијанците славеа со 66:75, а нашиот репрезентативен плеј псите три поени ги постигна од линијата за слободни фрлања. Кај Олимпија денеска најефикасен беше Миротиќ кој средбата ја заврши со 18 поени.

Претходно, Олимпијакос обезбеди вредна победа на гости кај Жалгирис со 85:92, во меч во кој Везенков со 24 поени ги предводеше гостите. Победа на гости и за Монако, кој во Берлин против Алба славеше со 90:105.

ПретходноИнтер сигурен против Аталанта за финале во Суперкупот (ВИДЕО)
СледноНовиот дрес на Србија ќе биде со ликот на Синиша Михајловиќ!