Лејкерс со последен обид да го добијат Валанчиунас

176

ЛА Лејкерс и натаму остануваат фокусирани на обезбедување дополнителни засилувања до завршувањето на преодниот рок во НБА лигата. Според пишувањата на локалниот печат, „езерџиите“ сега се во мисија да доведат нов силен центар.

Oд поодамна се шпекулира дека Литванецот Јонас Валанчиунас е прв избор на Лејкерс, но засега немаше никаков потег за да се обезбеди негова размена со  Визардс.

Сега се шпекулира дека Лејкерс се подготвени да го понудат својот резервен центар Гејб Винсент и еден пик од втората рунда на драфтот, за да се обидат да го добијат Литванецот.

Неодамна Лејкерс ги трејдуваа Доријан Фини-Смит и Шејк Милтон.

ПретходноДе Јонг: Очекував повеќе трофеи пред да потпишам со Барселона
СледноУтре почнува релито Дакар: Над 800 натпреварувачи низ беспаќата на С. Арабија