Несудениот репрезентативец на Македонија ќе биде нов тренер на Јединство Уб

1048

Урош Матиќ, братот на легендарниот Немања Матиќ и несуден репрезентативец на Македонија ќе ниде четвртиот тренер на Суперлигашот од Србија, Јединство Уб. Овој мал клуб сензационално оствари пласман во елитното фудбалско друштво во Србија но има огромен проблем сезонава со резултатите. Промени дури три тренери досега, а Урош Матиќ ќе биде четвртиот.

Матиќ летоска пристигна како огромно засилување за тимот, во кој што неговиот прославен брат неофицијално е и сопственик и главен финансиер, а сега ќе се испроба и како тренер.

Урош Матиќ своевремено беше опција за нашата репрезентација затоа што има потекло од кај нас но од неразјаснети причини иако изрази желба никогаш не беше повикан да заигра за Македонија.

 

ПретходноВоска добива газди од Турција и се сели во Гостивар
СледноДонијел Мален на радарот на Астон Вила