ПСВ се пофали со новото босанско засилување

392

Новото име во фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговирна, десното крило Есмир Бајрактаревиж е ново засилување на холандски ПСВ. Тој го напушти американски Њу Ингланд и се приклучи во ПСВ во трансфер вреден 3 милиони евра.

Оваа сума може да се зголеми на 6 милиони, земајќи ги предвид бонусите. Њу Ингланд ќе добие и 20% од потенцијалниот трансфер на Босанецот во иднина.

Во текот на минатата сезона Бајрактаревиж учествуваше на 37 натпревари на сите турнири, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Минатата годдина Есмир го направи своето деби за репрезентацијата на Босна и Херцеговина менувајќи го фудбалското државјанство (еден натпревар имаше за репрезентацијата на САД). Босанецот потпиша договор со ПСВ до крајот на јуни 2029 година.

ПретходноНовиот дрес на Србија ќе биде со ликот на Синиша Михајловиќ!
СледноГодините ништо не му можат, нова фантастична партија на Леброн (ВИДЕО)