Македонската ракометна репрезентација по кратка пауза денеска продолжува со подготовките за настап на Светското првенство. Селекторот Кирил Лазаров во продолжение ќе смета на 19 ракометари, од списокот отпадна Михајло Михајловиќ.
Пред настапот на Мундијалот, Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска на 8 јануари. Ова ќе биде четврти контролен меч за нашите ракометари.
Македонија на СП е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Првиот меч го игра на 15 јануари, базата е во Вараждин.