Никола Јокиќ е прогласен за играч на годината според ФИБА. Како што соопштија од Светската кошаркарска федерација, прогласен е добитникот на наградата „Европски играч на годината, а почестите му припаднаа на српскиот НБА супер-стар, Никола Јокиќ.
Никола Јокиќ во изборот на ФИБА добил 32% од гласовите. На второто место во гласањето се најде Гркот Јанис Адетокумбо со 18 отсто од гласовите, а Богдан Богдановиќ заврши трет со 15 отсто гласови.
Германецот Франц Вагнер доби 11%, а Словенецот Лука Дончиќ 9% од гласовите.