Чудесниот Јокиќ со нов трипл -дабл, со кој уште еднаш испиша историја во НБА! (ВИДЕО)

514

Никола Јокиќ и се е кажано. Најдобриот кошаркар во НБА и во светот, утринава против Атланта успеа за помалку од 30 минути да оствари нов трипл-дабл, 14-ти во сезоната и 144-ти во кариерата и со тоа да испише историја.

Интересно Јокиќ го има и седмиот најбрз трипл-дабл во историјата зошто уште во втората четвртина дојде до него или му беа потребни 21 минута. Ова е негов втор најбрз трипл- дабл.

Јано беше уште по првата четвртина, која ја заврши со 11 поени, осум скокови и шест асистенции. И ова се бројки за историја и рекорд.

Јокиќ не ни влезе во последната четвртина во игра, немаше ни потреба зошто веќе обезбеди 23 поени, 17 скокови и 15 асистенции а и Денвер имаше убедливо водство и на крајот победа со 139:120.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Детроит – Орландо 105:96, Вашингтон – Чикаго 125:107, Мајами – Њу Орлеанс 119:108, Њујорк – Јута 119:103, Торонто – Бруклин 130:113, Хјустон – Далас 110:99, Сакраменто – Филаделфија 113:107.

ПретходноПоранешен англиски репрезентативец новогодишната ноќ ја мина во болница!
СледноМладата ѕвезда на Детроит потешко се повреди, дури и противничките кошаркари плачеа! (ВИДЕО)