Александар Стефанов, долгогодишниот член на Управниот Одбор на РФМ и претседател на УО на фабрика Карпош АД Скопје, финансиски ја поддржа машката македонска репрезентација и Ракометната Федерација на Македонија пред настапот на Светското првенство.
“Поддршката пред настап на големите натпреварувања е драгоцена за репрезентацијата, особено ако доаѓа од луѓе како Александар Стефанов, кој има јасна визија за развој на ракометот. На спортот број еден во Македонија му се потребни луѓе кои ќе продолжат да работат професионално, ќе го подигнат нивото на квалитетот, ќе вложуваат безрезервно во ракометот”, порача селекторот Кирил Лазаров.