Навистина жешко беше вечерва на “Местаља“. На крајот Реал Мадрид ја победи Валенсија со 1:2 и тоа со победнички гол во 85.минута на Лука Модриќ.
Столе Димитриевски беше фантастичен на голот на Валенсија, а во 78.минута го испровоцира Винисиус, овој збесна и го удри македонскиот голман.
По прегледување на снимката, јасно беше дека Бразилецот ќе добие црвен картон и затоа предвреме го напушти теренот.
Димитриевски покажа како треба против бразилската мега – ѕвезда на Реал Мадрид.
Vinicius Júnior fue EXPULSADO en el primer partido del Real Madrid en el año 2025. Lo echaron después de que el VAR llamó al árbitro central. El colegiado consideró que el brasileño agredió al portero Dimitrievski.pic.twitter.com/UagrewcCK7
— Football Report (@FootballReprt) January 3, 2025