Ѓорѓи Ѓорѓиев од денеска е нов член на турскиот Туршад. Македонскиот одбојкарски репрезентативец со ова му се придружи на својот брат Никола, па така Туршад во иднина ќе биде предводен од браќата Ѓорѓиеви.
Само да потсетиме, Никола потпиша за овој клуб уште на стартот од сезоната.
Од клубот за денешното засилување покрај другото истакнаа:
„Со големо задоволство го објавуваме новото засилување, македонскиот репрезентативец, искусниот техничар Ѓорѓи Ѓорѓиев, ќе биде нов член на Туршад. Нема сомнеж дека Ѓорѓи ќе даде дополнителна сила на Туршад“.