Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски вечерва од 21:00 часот го игра заостанатиот дуел од овогодинешниот Примера шампионат, против тимот на Реал Мадрид.
Истиот требаше да се одигра пред неколку недели, но беше одложен поради временската катастрофа која што го зафати регионот на Валенсија, и во кој штоа што имаше и многу жртви.
Па така, дури вечерва ќе биде комплетирано тоа коло, а Валенсија со нашиот Столе на голот ќе се обиде да приреди сензација. Клубот има огромни проблеми, последен е на табелата, а како подобро да тргнеш да ја поправаш истата од бодови освоени против Реал Мадрид.
Нашиот голман ја искористи повредата на грузиецот Мамардашвили, застана на голот на Валенсија, и да веруваме дека повторно нема да биде на клупата за резерви.