Не му се важни парите: Рашфорд одбил три понуди од Саудиска Арабија

124

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд одбил три понуди од клубови од Саудиска Арабија, објави Тајмс. Доколку прифател една од нив, ќе заработел минимум 35 милиони фунти годишно, што е двојно повеќе од неговата плата во „црвените ѓаволи“.

Не е за потценување и фактот дека во Саудиска Арабија фудбалерите не должат данок на приходите, додека во Британија, Рашфорд и плаќа на државата 45% од заработените пари. Сепак, тој сака да продолжи да игра на највисоко ниво за да има шанса да се врати во репрезентацијата на Англија. Од истата причина, 27-годишниот напаѓач одбил да се пресели во Турција.

Не е тајна дека Рашфорд е на прагот да го напушти Манчестер Јунајтед. Тој го пропушти секој од последните 5 натпревари на тимот во Премиер-лигата. Од почетокот на сезоната неговиот придонес за „црвените ѓаволи“ е изразен во скромни 4 гола.

На „Олд Трафорд“ се подготвени да се разделат со Рашфорд овој месец доколку се најде клуб кој ќе го земе на позајмица и се согласи да плати поголем дел од неговиот хонорар.

ПретходноМенаџерот на Олмо откри: Тој е под голем стрес!
СледноБернардо Силва: Болнат вистина е дека немаме шанси за титула