Вечерва се одиграа неколку мечеви од 19.коло во Евролигата. Партизан пред своите фанови, пред преполната Арена во Белград просто го декласира Макаби со 98:75 и ова беше деветтата победа на “црно – белите“ со што и натаму се во игра за ТОП-10.
Браун со 21 поени беше најефикасен кај победничкиот тим.
Треба да се каже дека пред средбата фановите на Партизан со потег за паметење. Фрлија илјаднаици плишани играчки кои ќе одат за децата без родители ширум Србија.
GROBARI HVALA! ŽELJA DA SE SVA DECA U SRBIJI SREĆNO IGRAJU JE ISPUNJENA!🖤🤍#KKPartizan #EuroLeague pic.twitter.com/Rycs9l8s0G
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) January 3, 2025
На останатите средби од ова коло, Фенербахче во дербито на Истанбул славеше против Ефес со 84:76. Панатинаикос пред своите фанови убедливо го победи Виртус со 111:90.
Париз како домаќин беше поразен од Барселона со 79:90. Македонскиот репрезентативец Ти – Џеј Шортс успеа да постигне 20 поени во дресот на Париз.