Салах: По се изгледа ова ми е последна сезона во Ливерпул!

86

Иако наголемо се говореше дека Мохамед Салах ќе го продолжи договорот со Ливерпул, дури се пренесуваше дека се е договорено меѓу него и раководството на „Редси“, сепак засега нема ништо од тоа.

Мохамед Салах е поблиску до заминување отколку до продолжување на договорот со гигантот од “Енфилд“.

Еве што самиот Салах кажа во интервјуто за “Скај Спорт“:

Засега ова ми е последна сезона во Ливерпул. Искрено нема никаков чекор напред во изминатитте шест месеци околу продолжување на договорот. Далеку сме од било каков договор, сепак останува да се види како ќе се одвиваат работите во следниот период“ посочи Салах.

Инаку пред неколку дена искочи информација дека ПСЖ му понудил неделна плата од 500.000 евра неделно, и тоа нето, само да дојде во Париз. Оваа сума е поголема во однос на таа која сега Салах ја зема во Ливерпул и она што Ливерпул планира да му понуди за обновување на договорот.

ПретходноДарко Тасевски ќе означи старт на подготовките на бугарскиот гигант!
СледноЗлатко Далиќ успешно опериран!