Македонската ракометна репрезентација пред стартот на Светското првенство ќе одигра нов контролен натпревар. Според планираното, Кирил Лазаров и неговите момци на 8. јануари ќе ги одмерат силите против еден од домаќините на Мундијалот, Хрватска.
„Имаме два подготвителни натпревари со Македонија и Словенија. Нашата главна цел е да се подготвиме што е можно подобро. Се надевам дека навивачите ќе нè поддржат. На играчите им е потребна поддршка. Иако можеби не сме најголеми фаворити на турнирот, може да одиграме одлично, доколку има синергија меѓу играчите и навивачите“, изјави предводникот на Хрватска која на СП е во група со Египет, Аргентина и Бахреин.