Бразилската мега – ѕвезда го пропуштил првиот тренинг на Ал Хилал во новата 2025 година и тоа поради болки во стомакот. Ова официјално го соопштија од клубот објаснувајќи зошто Нејмар не се појави на тренингот.
Урнебесно, да не кажеме некој потежок збор.
Поради болки во стомакот да не одиш на тренинг а притоа си платен сторина милиони евра годишно, тоа го може само Нејмар и тоа во Саудиска Арабија.
Ова е уште еден доказ дека на Нејмар ни на памет не му е веќе да игра за овој тим во Саудиска Арабија, им ги “собра“ парите на пребогатите Арапи и сега сака да се врати во Европа. Опција секако дека е МЛС во САД како и неговиот Бразил.