Како што и беше најавено, Струга ТЛ стартот на подготовките за пролетниот дел ќе го има на 8 јануари, веднаш по празниците.
Првите десет дена ќе се одработат на својот тренинг центар во својот град, за да на 18 се оди за Анталија каде екипата на стратегот Ќатип Османи ќе ја “бруси“ формата за тоа што ја очекува во пролетната полусезона во нашата елитна лига.
Познато е дека шампионот има -5 бода во однос на лидерите Силекс, Шкендија и Струга ТЛ а тука е и Гостивар.
Во Анталија екипата на Струга Трим Лум ќе одигра и пет пријателски средби и тоа против Дебрецин (Унгарија), Корона Киелце (Полска), Рубин Казан (Русија), Кижилжар (Казахстан) и МФК Землин Михаловце (Словачка).