Новак Ѓоковиќ зензационално загуби на турнирот во австралиски Бризбејн во рамките од четвртфиналната фаза.
Херојот се вика Рајли Опелка од САД, а дуелот веројатно ќе го памети засекогаш. Тешко дека уште еднаш ќе се случи да го победи најдобриот на сите времиња. Тој пак, Ѓоковиќ имаше само полна уста пофалби за изведбата на Опелка па дури му честиташе за одличниот настап и преку социјалните мрежи.
„Неверојатен тенис, апсолутно заслужено. Многу среќа понатаму“ – напиша популарниот Ноле.
Опелка кој инаку има цели 211 цм, едноставно го разори Ѓоковиќ со сервиси кои едноставно не се враќаа.