Димитрис Јанакопулос, газдата на Панатинаикос, првиот човек на првакот во Евролигата, секогаш знае како да ја заинтригира јавноста. Тој пред еден месец јавно кажа дека се би сторил за да го доведе Никола Јокиќ во својот тим и дека само поради Србинот тој почнал да ги следи настаните во НБА.
Јасно е дека ова да се случи нема никакви шанси, барем не во наредната деценија ако се знае дека Јокиќ во Денвер заработува повеќе од 50 милиони евра, но Јанакопулос не се предава така лесно. Сега и со видео – порака го повика најдобриот светски кошаркар да дојде во Пао.
Јокиќ е Јокиќ, ама досега ретки се тие кои на газда Димитрис му кажале не.
Можеби за едно десет години и тоа чудо ќе се случи. Никола Јокиќ во дресот на Панатинаикос.
On his Instagram account, Panathinaikos president Dimitris Giannakopoulos asks Nikola Jokic to come and sign for his team.
Sur son compte Instagram, le président du Panathinaikos Dimitris Giannakopoulos demande à Nikola Jokic de venir signer pour son club. pic.twitter.com/vjtMrjSIFq
— SKWEEK (@skweektv) January 3, 2025