Вечерва, во последниот меч од саботната програма од 19.коло во Серија А, Верона и Удинезе одиграа без победник и без голови, 0:0. Иако немаше погодици, сепак беше интересно и тоа со по неколку шанси на двете страни, но и двете екипи на крајот мораа да се задоволат само со по бод од овој натпревар.
Треба да се каже дека домашните во 71.минута останаа со играч помалку откако Сердар доби втор жолт, односно црвен картон. По тој момент гостите од Удине тргнаа со сите сили во напад со цел да се дојде до гол и победа. Во игра влезе и ветеранот Алексис Санчез, но и тоа не беше доволно да се дојде до победа.
Со ова реми Верона има 19 бодови се наоѓа на 14.место на табелата, додека Удинезе по ова 19.коло има 25 бодови и се наоаѓа на 9.место на табелата во Серија А.