Валенсија и Реал Мадрид го одиграа одложениот натпревар од 12-тото коло на Ла Лига. Во турбулентен натпревар Реал во самата завршница победи со 2:1 со играч помалку.
Во 80. минута Реал остана без Винисиус, кој доби директен црвен картон, откако го удри голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и мораше да го напушти теренот по прегледот на ВАР. Подоцна Винисиус се расправаше со сите околу него и соиграчите тешко го смируваа.
По натпреварот, Винисиус им се извини на социјалните мрежи и порача:„Ви се извинувам и ви благодарам екипо!“, напиша Винисиус.
Perdon y gracias equipo!!!!!! ✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾
— Vini Jr. (@vinijr) January 3, 2025
Кралскиот клуб моментално има 43 бода, два повеќе од второпласираниот Атлетико, кој има натпревар помалку, додека на Барселона и избега пет бода.