Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој заврши со победа од 1-2 за гостите, отвори многу полемики во редовите на „кралевите“. Покрај црвениот картон на Винисиус поради старт врз Столе Димитриевски, во центарот на вниманието се најде и пеналот, кој го изведе Џуд Белингам. Според Карло Анчелоти, но и снимките Столе не гази со стапалата на линијата.
Карло не се бунеше што пеналот не беше повторен, бидејќи ги знае правилата, него му сметаше што истиот не беше реализиран.
„Димитриевски ги немаше стапалата на линијата, но тоа не прекршок за повторување на пенал ако голманот не ја допре топката. Не влијаеше на играта. Ми пречи друго, што промашивме три пенали сезонава. Ќе треба јас да преземам одговорност и да одлучувам кој ќе ги шутира пеналите“, додаде италијанскиорт стручњак.
BELLINGHAM FALLA EL PENALTI
SON LA VERGÜENZA DEL FÚTBOL
— nen (fan) (@FCB_nenn) January 3, 2025