Големата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс забележа нов рекорд по синоќешната интересна ноќ во НБА лигата и победата против Атланта од 119:102.
Имено, Џејмс постигна 30 поени со осум асистенции, со што го забележа 563-от натпревар во кариерата со најмалку 30 поени на натпревар. Со тоа успеа да го собори рекордот на легендарниот Мајкл Џордан за еден натпревар.
„Тој е некој што го обожавав во моето детство и поради него носам број 23“, изјави Џејмс по средбата.