Фиорентина – Наполи 0:3 е епилогот од вечерашниот дуел во рамките на 19.коло во Серија А. Четата на Антонио Конте среде Фиренца покажа сила, и тоа како покажа сила и докажа дека е сериозен кандидат во битката за титулата заедно со шампионот Интер и Аталанта. Освоени се големи три бода и сега 44 бода и е лидер од 19 средби, три повеќе од Аталанта и меч повеќе и четири од Интер и два меча повеќе од шампионот.
Нерес во 29.минут донесе водство на гостите од Неапол, неколку минути Фиорентина израмни, но сепак ВАР го поништи тој гол.
Лукаку од пенал во 54.минута го удвојува водството на Наполи, за да во 68.минута МекТоминеј ги постави конечните 0:3 за четата на Антонио Конте.