Мајами го суспендираше Батлер

107

Мајами го суспендираше Џими Батлер на седум натпревари, откако нивната ѕвезда на прес-конференција јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот.

“Сакам да ја вратам радоста од играњето кошарка. Среќен сум надвор од теренот, но би сакал повторно да бидам доминантен, да играм и да му помогнам на тимот да победи, а не го правам тоа во моментов”, рече Батлер, а на новинарско прашање дали може да си ја врати радоста од играњето во Мајами, одговори: „Мислам дека не е така“.

Хит го суспендираше Батлер на седум натпревари поради „повторените случаи на однесување штетно за тимот во текот на сезоната, особено во последните недели“.

Здружението на играчи ја нарече одлуката на Хит „прекумерна и несоодветна“ и најави жалба. За време на суспензијата, Батлер ќе загуби 2,35 милиони долари или 336.543 долари по пропуштен натпревар.

Тензијата меѓу Батлер и Хит трае од крајот на минатата сезона, кога Мајами без повредениот Батлер беше елиминиран од евентуалниот шампион Бостон во првата рунда од плеј-офот. Батлер во тоа време често се појавуваше во медиумите, а претседателот Пет Рајли му рече дека „ако не може да игра, треба да ја држи устата затворена“.

ПретходноВинисиус се извини за потегот над Столе Димитриевски!
СледноПрвиот противник на Македонија на Светското првенство го објави конечниот список