Убав гест, како што и доликува кога станува збор за репрезентацијата на Македонија.
Имено премиерот на Владата на Македонија, г-ин Христијан Мицкоски и министерот за спорт, г-ин Борко Ристовски денеска ја посетија машката македонска ракометна репрезентација. На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство.
Селекторот Кирил Лазаров во знак на благодарност на Премиерот, г-ин Христијан Мицкоски му подари дрес.
Секако дека ова многу им значи на нашите ракометари кои и тоа како имаат намера да го дадат својот максимум и уште еднаш да ја израдуваат нацијата со добри резултати од едно големо натпреварување.