Монако и Хутер ја продолжија соработката до 2027 година

40

Ади Хутер останува тренер на француски Монако. Како што објавија од францускиот клуб, новиот договор на австрискиот специјалист е до 2027 година.

Хутер е тренер на Монако од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 60 натпревари, победувајќи 35 пати, ремизирајќи 11 пати и има 14 порази.

Монако моментално се наоѓа на третото место на табелата во Лига 1 со сериозни шанси да се бори за пласман и на самиот врв, што значи и место во Лигата на шампионите следната сезона.

ПретходноБарса со убедлив трумф кај Барбастро за пласман во 1/8 финалето во “Копа дел Реј“!
СледноПретседателот на САД ќе го одликува Лео Меси со орден за посебни заслуги!