Нов австриски хет-трик на „новогодишната турнеја“ во Инсбрук

57

Новогодишната турнеја „четири скокалници“ продолжи денеска со третата станица во Инсбрук, Австрија, на легендарната скокалница Бергизел. На скокалницата од 120 метри, денеска видовме скокови и од 130 метри, со што ски-скокачите направија вистинска фешта.

На прајот победата му припадна на Австриецот Штефан Крафт со 273,3 поени и скокови од 131,5 и 132,5 метри. Второпласиран беше Јан Херл со 271,9 поени, а трет Даниел Цофениг со 263 поени, па Австријците и денеска имаа хет-трик, по првата станица во Оберстдорф.

Ова беше 45-та победа на Крафт во кариерата и сега се доближува до Мати Никенен кој има 46.

Последната станица е во Бишоксхофен каде ќе има вистинска драма за конечниот победник. Лидер по шест скока е Крафт со 887,1 поен, Херл заостанува за само 0,6, а Цофениг за 1,7 поени.

ПретходноЛа Лига и РФЕФ пресудија: Олмо нема да добие лиценца за настап во Барса!
СледноМотa: Ни недостасува карактер!