ОФИЦИЈАЛНО: Срѓан Захариевски е нов тренер на Пелистер

298

Она што се најавуваше, денеска е и официјално потврдено. Битолски Пелистер од денеска има ново тренерско име во познатиот македонски стратег, Срѓан Захариевски.

Захариевски денеска потпиша договор со Пелистер и официјално беше претставен пред јавноста. Ова е своевидно враќање на Захариевски во Битола, каде работеше во 2017 година.

51-годишниот стручњак има забележителни резултати во своите проекти во мак-фудбалот. Со успех ги водеше Металург, Струга и Воска Спорт. Се работи за поранешен репрезентативец на Македонија (22 настапи и три гола), а во играчките денови ги носеше дресовите на Вардар, Силекс, Тетекс, Металург, како и на клубови во Германија, Португалија, Грција.

Захариевски првата прозивка ќе ја има на 8 јануари, кога започнуваат подготовките за вториот дел на шампионатот на Македонија.

ПретходноШвеѓанката Хектор триумфираше во Крањска Гора
СледноЛеброн собори уште еден рекорд на легендарниот Мајкл Џордан