Претседателот на САД ќе го одликува Лео Меси со орден за посебни заслуги!

92

Навистина звучи чудно, но така е. Џо Бајден, претседателот на САД на заминување, ќе го одликува Лео Меси со орден за посебни заслуги. Тоа е „Претседателскиот медал на слободата“, највисоко признание кое може да го добие цивил во таа земја.

Покрај него ваков орден ќе добијат уште 18 лица а меѓу нив и Меџик Џонсон, Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и други.

Ова беше со изненадување прифатено од страна на јавноста во таа земја, се мисли на Лео Меси ако се знае дека тој во САД е само година и половина и игра за Интер Мајами.

Од канцеларијата на претседателот образложија дека Меси и останатите покрај другото со својата работа САД ја направиле како држава подобро место за живеење.

Навистина чудно.

ПретходноМонако и Хутер ја продолжија соработката до 2027 година
СледноЕх, Барса, Барса: И децата им се смеат на Каталонците за Дани Олмо! (ВИДЕО)