Крајно лоши вести за Ред Бул во новата 2025 година. Имено тимот со кој Макс Верстапен ја освојуваше титулата во Формула 1 во изинатите четири години остана без еден од своите главни спонзори.
Станува збор за компанијата „Bybit“ од Дубаи, која специјализирани за криптовалути. Оваа компанија беше спонзор на Ред Бул од 2022 година и тоа за 50 милиони евра годишно.
Секако дека ова е удар за Ред Бул, но исто така јасно е дека кога го имаш Макс во својот тим тогаш лесно еда најдеш нов таков спонзор.
Името на оваа компанија во изминатите три сезони беше поставено на предните и задните крила на болидите на Ред Бул.
Се пренесува дека челниците на Ред Бул и оваа компанија од Дубаи не успеле да се договорат за висината за нов договор па така соработката била прекината.