Она што “СпортСпорт“ во текот на денот ексклузивно го најави, доцна попладнево и се оствари. А тоа дека Горазд Михаилов не е веќе тренер на Брера.
Па така тој по само три месеци на клупата на струмичкиот прволигаш, сега е минато.
Оваа вест преку своите социјални мрежи ја потврдија и од раководството на Брера:
Фудбалскиот клуб Брера ја информира јавноста оти по четиримесечен ангажман , договорно ја раскинува соработката со шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов кој зад себе остави печат и белег во работата на првиот тим. Михаилов во нашиот клуб дојде на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ од позицијата прв тренер.
Со својот професионален пристап, кредибилитет и авторитет Михаилов успеа во изминатиот период да ја стабилизира играта на нашиот прв тим но и да даде можност, десетина млади фудбалери од нашиот малдински погон да ја почуствуваат тежината и одговорноста во Првата лига. Горазд Михаилов заедно со Темелков, Атанасов, Коцев и Шопов и беа главните мотиватори и стожери на сениорскиот состав во нашиот клуб.
Под негово водство, сениорите во есенскио дел и покрај сите турбуленции прокнижа четири победи и исто толку нершени исходи и шест порази. Направија посебна фузија меѓу искусните и младите на Брера Струмица за што посебно сме благодарни.
ФК Брера му искажува голема благодарност на Михаилов кој иако беше кус период во нашиот клуб остави голема печат со својот професионален однос. Му посакуваме со успех да продолжи да ја гради својата кариера.
Горазд ти благодаримe.