Тиквеш продолжува да биде активен на фудбалскиот пазар оваа зима. Од денеска кавадаречкиот прволигаш е посилен и за одличниот голман Филип Купанов (22), кој доаѓа од Брера Струмица и ќе биде на позајмица во редовите на Тиквеш. Договорот е постигнат, се очекува после празниците и официјалната промоција на Купанов во дресот на кавадарчани.
Инаку тој е дете на Брера Струмица, потоа беше дел од Детонит Плачковица а бранеше и за Беласица. Во Брера се врати пред две години и од тогаш до сега беше дел од првиот тим на струмичкио прволигаш. Важи за еден од нашите најдобри млади голмани.
По заминувањето на Ристе Јанков, раководството на Тиквеш мораше реагира со ново име на голманската позиција, и одлуката беше да се ангажира Купанов.