Јокиќ трагичар на Денвер со 41 поен (ВИДЕО)

356
Фото: Денвер/Твитер

Синоќа во НБА се одиграа девет натпревари. Најинтересно беше во Денвер, каде Нагетс се сретнаа со Сан Антонио Спарс, кои во тензично завршница ги победија со резултат 113:110. Тоа беше фантастична пресметка меѓу трикратниот МВП на лигата Никола Јокиќ (29) и Виктор Вембањама (21), најдобриот млад центар.

Јокиќ го заврши натпреварот со 41 поен, 18 скока и девет асистенции, но ниту тоа не беше доволно за победа против Спарс предводени од Вембањама. Французинот имаше 35 поени и 18 скока. Во последната акција од играта, Вембањама го чуваше Јокиќ при водство на Спарс со еден поен. Успеа да го натера да направи додавање кое беше прочитано од гостите за победа.

Во однос на почетокот на сезоната, Денвер значително ја подобри формата и сега е четврти во Западната конференција со биланс од 19 победи и 14 порази. Спарс со скор од 18-16 се искачија на десеттото место на Западот и се во плеј-ин игра.

Резултати од НБА:

Детроит – Шарлот 98:94
Торонто – Орландо 97:106
Хјустон – Бостон 86:109
Њу Орлеанс – Вашингтон 132:120
Оклахома – Њујорк 117:107
Далас – Кливленд 122:134
Денвер – Сан Антонио 110:113
Сакраменто – Мемфис 138:133
ЛА Лејкерс – Атланта 119:102

ПретходноСензационално: Легендарниот Оливер Кан сака да го купи Бордо!
СледноАнчелоти: Ќе се жалиме, потегот на Вини над Димитриевски не беше за црвен картон!