Струмичка Брера вториот дел од сезоната во ПМФЛ очигледно ќе ја започне со нов тренер. Според информациите до кои дојде „СпортСпорт“, Горазд Михаилов нема да биде на клупата на струмичкиот прволиграш и во втората полусезона.
Во првиот дел од натпреварувачката сезона екипата на Брера Струмица под водство на Михаилов се најде во долниот дел од табелата, на 8. место, на само 5 бода од „црвената зона“. Во струмичкиот состав веќе ја разгледале неговата позиција и наскоро се очекува да се направи ротација на тренерското место.