Најавите дека има сосема нов план прволигашот Воска да се спаси од испаѓање во актуелната ПМФЛ сезона, полека но сигурно се остваруваат.
Предмалку клубот се пофали, односно ги официјализира три од неколкуте најавени засилувања за напролет.
Филип Валенчиќ, интернационалецот од Словенија кој има преку десет настапи за младинските репрезентации на Словенија е првото ново име, а веднаш по него доаѓа и играчот за врска од Финска, Туре Сира. Тој пак е некогаше У19 репрезентативец на својата земја.
Конечно, третото потврдено ново име во Воска е Оива Лаксонен кој што исто како и Сира доаѓа од тимот на Хака.
Како што Спортспорт најави веќе, Воска се сели како клуб од Охрид во Гостивар поради промени на сопственичката структура.