Гери „лопатарот“ упорен да не се игра дербито Ливерпул – Јунајтед (ВИДЕО)

674

Сагата околу денешното мега дерби во Премиер лигата помеѓу екипите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед кое е закажано од 18:30 часот и неговото одложување траеше до пред два часа. Дури околу 14:00 часот беше дефинитивно одлучено дека истото ќе се игра иако во Ливерпул денеска има обилни врнежи од снег. Терено на Енфилд интензивно се чисти, а Гери Невил како стручен коментатор на преносот секако дека е таму уште од изутрина.

На шега, зеде една од многуте лопати присутни на теренот и почна да враќа дел од снегот на теренот се „со цел“ да го одложи дербито.
Само не знаеме до кога планираше да го одлага. Можеби додека не му тргне на неговиот Јунајтед иако на тоа се чека веќе неколку сезони.

ПретходноТотенхем го претстави новиот голман, за него плати 16 милиони евра
СледноИнзаги пред утрешното финале во Супер купот: Заслужено Милан го доби последното дерби