Дембеле му донесе на ПСЖ уште еден трофеј од францускиот Суперкуп (ВИДЕО)

92

Фудбалерите на Пари Сен Жермен третпат по ред го освоија Суперкупот на Франција, откако во финалето во Доха го совладаа Монако со 1:0, со голот на Усман Дембеле во втората минута од судиското надополнување.

И двата тима во текот на регуларните 90 минути имаа неколку добри шанси за гол, но навивачите во Доха не успеаја да се израдуваат на погодок. Токму кога се чинеше дека натпреварот ќе оди до пенали, Дембеле стапи на сцена и донесе голема радост за парижани.

ПСЖ ја сочува мрежата од крајот на натпреварот и стигна до третиот последователен трофеј во Суперкупот на Франција, со што ја потврди доминацијата во ова натпреварување.

ПретходноСупер-дерби на „Енфилд“ и реми со четири гола (ВИДЕО)
СледноЈа имаше шансата на мечот: Зицерот кој Мегваер го промаши во 97. минута (ВИДЕО)