Загреб го продаде „тепачот“ Кос во германски Ерланген

384

Тепачката меѓу ракометарите на Загреб во соблекувалната која го обиколи регионот конечно доби епилог. По поразот на домашен терен од Нант во Лигата на шампионите, српскиот ракометар Милош Кос го нокаутираше соиграчот и хрватски репрезентативен голман Матеј Мандиќ и беше суспендиран.

Мандиќ мораше да оди на операција на носот, поради што нема да игра за Хрватска на Мундијалот, а Кос доби кривична пријава за нанесување тешки физички повреди.

Загреб на крајот донесе одлука да го продаде Кос година и пол пред истекот на договорот, а Србинот кариерата ја продолжува во Германија. Хрватскиот шампион и бундеслигаш Ерланген постигнаа договор за трансфер на дваесет и двегодишниот лев бек во зимскиот преоден рок, па Милош Кос кариерата ќе ја продолжи во Германија.

ПретходноПеп го сака Савона од Јуве и тоа уште оваа зима
СледноРома го реши Лацио во вжештеното „Дерби дела Капитале“