Феноменалната хрватска скијачка, дваесетгодишната Зринка Љутиќ е освојувач на првото место на денешниот слалом во словенечкиот ски центар Крањска Гора.
Љутиќ која што беше на лидерската позиција и по првото возење имаше одличен ден, на два пати ја мина перфектно стазата која не беше ни малку лесна и заслужено се искачи на врвот на пиедесталот.
На втората позиција се пласираше Венди Холденер од Швајцарија, која што исто така одлично одскија и во двете возења но не можеше да ја мине денеска непобедливата Љутиќ, и заостана 16. стотинки.
Последна на пиедесталот се искачи Свен Ларон од Шведска, која што заостана пак секунда и деветнаесет стотинки.
Ова е втора едноподруго победа во слаломот за Љутиќ во овогодинешниот светски куп, со што и дефинитивно станува легитимна наследничка на неприкосновената Јаница Костелиќ, кога станува збор за хрватското скијање.