Утре со почеток од 20:00 часот, Интер и Милан ќе го одиграат финалето од Супер купот на Италија кое што ќе се одигра во Саудиска Арабија.
На официјалната прес конференција пред мечот, тренерот на Интер, Симоне Инзаги потврди дека овој трофеј е важен за самодовербата на тимот, и дека неговите избраници ги чека тешка задача.
„Дербито е секогаш посебна и емотивна приказна и враќа многу убави спомени од победата во Суперкупот овде на 22 април, како и од полуфиналето на Лигата на шампионите. Ќе се обидеме да не ги повториме грешките од минатото дерби кое заслужено го загубивме. Од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Порто не сме комуницирале со Серџо Консеисао . И двајцата имавме неверојатен учител во Свен Горан Ериксон. Тимовите на Консеисао никогаш не се откажуваат и тоа го видовме против Јувентус, кој ја контролираше играта, но Милан одигра одлично второ полувреме и го заслужи своето место. Ги анализиравме нивните грешки од претходниот меч со Милан, како и настапот во полуфиналето со Јувентус . Воопшто не ме загрижува формата на Лаутаро бидејќи тој е одличен капитен и секогаш работи исклучително напорно за тимот. Јас сум напаѓач подолго од него и знам како е да имаш проблем со реализацијата, но сигурен сум дека неговите голови ќе дојдат наскоро. Ни требаат, инаку гледате многу наши играчи како постигнуваат голови. Важно е тимот да ги добива своите натпревари“ – рече инзаги Инзаги.