На отворањето на денешната Серија А програма, тимот на Каљари, со конечни 1:2, стигна до триумф на гостувањето кај Монца.
Домаќинот уште во шестата минута од пенал поведе преку Капрари. Сепак, водсвото траеше само петнаесетина минути бидејќи Зортеа изедначи на 1:1.
Пиколи го доведе гостинот до водство во 57. минута, а на триумфот на Каљари во многу допринесе и црвениот картон на Д’Амберто со кој Монца остана со десет играчи.
Со ова Каљари направи голем чекор кон спасот од испаѓање сезонава затоа што нанижа 17 поени досега, додека пак Монца е се повеќе второлигаш со само десет поени на своето конто и последно место на табелата.