Екипите на Лече и Џенова во вториот денешен дуел од италијанската Серија А, одиграа без голови 0:0. Меч во кој ама апсплутно нема што да се нотира освен дека двата тима освоија по бод, кој што е битен за нивниот статус на прволигаши сезонава.
Лече со овој бод освоен на домашен терен стигна до 17. бод сезонава, и 18. место на табелата, додека пак, Џенова е тринесетта сега со 20. бодови.
Џенова реално е во поповолна позиција што се однесува до опстанокот, но Лече има сериозна битка пред себе. Единствено Венеција со 14. бода односно Монца со десет се зад овој тим на табелата.